(Видео) Немили сцени во Трабзон – фудбалери на Фенербахче спречија трагедија
Нов голем скандал го тресе турскиот фудбал откако целиот свет беше сведок на немилите сцени кои се случија по завршувањето на мечот помеѓу Трабзонспор и Фенербахче.
Fenerbahce defender Bright Osayi-Samuel was born ready. My guy. 👊🏾🇳🇬
Opposition fans invaded the pitch and attacked his teammates. He stood up to them and brought down many. Legend. 🙌🏾 pic.twitter.com/e3YTaJVWLU
— Bolarinwa Olajide (@iambolar) March 17, 2024
Гостите го добија мечот со 2-3 и останаа во мртва трка со Галатасарај за титулата во Турција, но домашните навивачи не можеа да го преболат поразот, па влетаа во теренот за да се пресметаат физички со нив.
BRIGHT OSAYI SAMUEL BACK IN ENDS WITH THIS ONE 😂😂😂🔥🔥🔥🔥🔥🔥 @Bright_097
— Enny (@MrEnnyG) March 17, 2024
Најмалку двајца од напаѓачите носеле остри предмети, па Осеји-Самуел Брајт и Миши Батшуаји со вистински ММА потези одлучија со голи раце да се пресметаат со напаѓачите.
📌 Maç sonunda Trabzonspor taraftarı Fenerbahçeli futbolculara saldırdı! #TSvFB pic.twitter.com/DNT9DLgRmM https://t.co/bpHIleW2DL
— 23 DERECE (@yirmiucderece) March 17, 2024
Белгиецот и Нигериецот успеаја да ги совладаат напаѓачите и веројатно да спречат голема трагедија во Трабзон.