Најмалку 21 лице загина, а десетици се повредени во сообраќајна несреќа на југот на Авганистан, соопшти Владата на провинцијата Хелманд.
Во судирот на автопатот Кандахар-Херат учествувале мотоцикл, цистерна со гориво и автобус, изјави Шер Мохамад Вахдат, претставник на владата за медиуми во Хелманд.
Локалните медиуми објавија фотографии на кои се гледа запалена цистерна на правлив пат и остатоци од возило. Несреќата се случила во областа Герешк во Хелманд.
Сообраќајните несреќи се вообичаени во Авганистан, а лошата инфраструктура е влошена со повеќедецениската војна која заврши кога странските трупи заминаа во 2021 година и талибанците го презедоа.
Јужниот дел на провинцијата Хелманд беше упориште на талибанците за време на војната.