(Фото) Околу 1500 маскирани на Струмичкиот карневал

Фото: Општина Струмица

Околу 1.500 маскирани луѓе синоќа беа дел од 48-те групи кои продефилираа на интернационалната карневалска поворка на традиционалниот Струмички карневал.

Помеѓу локалните групи, на поворката учествуваа и странски гости од различни земји како Грција, Србија, Црна Гора, Хрватска, Бугарија и Турција.

Групите беа составени од најмалку 1 лице, а имаше и такви кои броеја над 100 учесници.

Карневалот официјално започна во средата, а е предвидено да трае до наредната среда (20 март).

Покрај карневалската поворка, предвидени се бројни настани, како детски карневал, изложби, концерти, маскенбали и слично.

Карневалот има долгогодишна традиција.