(Видео) Лефков: Пендаровски наместо претседател беше курир на Заев и Ковачевски

Претеникот на ВМРО-ДПМНЕ – Миле Лефков на денешната прес конференција рече дека „Пендаровски наместо да се однесува како претседател се однесуваше како курир на Заев, а потоа и на Ковачевски. Па наместо да застапува државни позиции тој носеше поздрави од Заев во Бугарија и го нарекуваше Бојко Борисов `љубави`“

„Со љубави за Бојко стасавме до вето за Европската Унија од Бугарија. Некако љубовта на Пендаровски невозвратена. Пендаровски наместо со достоинство и со интегритет да ја застапува државата и да ги гради односите, тој со понизност и несериозност ја руши сликата за земјата. Од големата „љубов“ на Пендаровски со Бојко остана корпата која ја доби од бугарскиот политички врв и бугарскиот диктат“ вели Лефков.

Пратеникот смета дека „на Македонија не и треба претседател кој ќе биде понизен пред странските претставници, туку пред народот. Со право народот вели дека немаме држава, време е да ја вратиме“.