Бојмацалиев: Во иднина нема потреба од техничка влада

Во интервју за ТВ Тера, дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев запрашан дали треба понатаму да постои пржинска влада инстакна дека од аспект на полицијата, МВР е денес реформирана институција „МВР за граѓаните“ и смета дека ваквиот формат на техничка влада веќе не треба да постои.

„Во 2015-2016 година кога е созададена техничката влада зборуваме за една полиција со срушен рејтинг, недоверба од граѓаните, затворена институција. Денес зборуваме за една институција која е во топ трите најтранспарентни и во рејтинг во топ три, институција која е „МВР за граѓаните“ не е МВРО-ВМРО, немаме „штабче горе доле“ туку фунционираме исклучиво за граѓаните. Ви покажувам една книга која ја создадовме со тој наслов „МВР за граѓаните“ кајшто се забележени сите успеси, сите бројки како 17.000.000 милиони евра инвестирани во реконструкција на објекти, 14.000.000 за униформи и опрема за полициските службеници. Знаете дека полицијата немаше униформи, работеше во руинирани објекти. Денес зборуваме за една сосема друга полиција, која е во сервис на граѓаните, која е опремена, работи во модерни објекти. Во таа насока според мене нема повеќе потреба од пржинска влада бидејќи МВР е „МВР за граѓаните“ и така се надевам и ќе остане, бидејќи создадовме еден систем, без разлика која политичка партија е на власт, тешко дека може да ги сруши за кратко време, бидејќи имаме имплементирано систем на вредности и командна одговорност, што за жал порано го немаше и се покажа и на 27 Април. Ние сме веќе членка на НАТО, земја која помина многу процеси и многу реформи мислам дека во иднина нема потреба од техничка влада.“, дециден беше Бојмацалиев.