Зеленски: Русија ќе добие „праведен одговор“ за нападот на Одеса

Украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека Русија ќе добие „фер одговор“ од силите на Киев за двојниот напад со балистички ракети на пристанишниот град Одеса на Црното Море, во кој загинаа најмалку 20 луѓе.

„Нашите одбранбени сили дефинитивно ќе направат се за руските убијци да го почувствуваат нашиот праведен одговор“, објави Зеленски во вечерашното обраќање на платформата „Телеграм“.

Шефот на регионот, Олег Кипер, претходно објави дека бројот на загинатите во рускиот ракетен напад врз Одеса се искачи на 20, додека најмалку 75 лица се повредени.

Во првиот напад биле погодени куќи, а откако брзата помош пристигнала на местото, се случил втор напад, велат локалните власти. Меѓу повредените има и медицински работници.

Во нападот била погодена цивилната инфраструктура и избувнал пожар, пренесе АП.