Македонец и Русинка заедно избегаа од украинскиот град Одеса во Скопје.
Ексклузивно за Трилинг, скопјанецот Стефан Ангеловски и неговата девојка Вероника Золотухина раскажуваат какво било нивното патешествие од украинска до македонска територија.
„Се одлучивме да го бараме нашиот пат. Имавме авион за на 11. март. Се обидувавме првично со воз да излеземе. Објавија дека на 27. сите граѓани ако немаат документи може да ги убијат. Мојата црвена тревога беше кога Харсон беше нападнат со артилерија. Во мојата глава стоеше – што е следно“ – вели Стефан Ангеловски.
„Половина од моето семејство живее во Русија, половина во Украина. Секогаш имаа спротивставени погледи. Знаев дека постои пропаганда од двете страни, но сега ситуацијата е многу полоша, полоша одошто можевме да си замислиме. Никогаш не сум имала проблем со руските документи во Украина“ – вели Вероника Золотухина.
Велат дека нивниот живот е спакуван во еден кофер и дојдени се тука со надеж дека се ќе се смири и пак ќе се вратат во Украина.