Хоџа: Неопходно е маржите и ДДВ-то на нафтените деривати да бидат намалени!

„Во ваква ситуација нашата Влада со консултација со бизнис секторот донесовме мерки кои се итни за спас на економијата. Претходно имаше замрзнување на цените на некои производи и веднаш следуваше замрзнување на маржите. Ова го погоди бизнисот. Со поскапувањето на нафтата и компаниите мораше да ги поскапи своите цени“ вели Неби Хоџа – претседател на Стопанска комора на Северозападна Македонија за Трилинг.

Тој потенцира дека „најпогодени се гранките во прехранбената индустрија (брашно, сол, леб). Бизнисот се најде да се солидаризира да одат со нула маржа. Мерките се многу битни, ќе ја ублажат кризата, но треба да се размислува што понатаму“.

На прашање колку македонските компании моат да се приспособат на новите услови, Хоџа вели:

„Подготвени сме на изнаоѓање на алтернативни решенија, но без поддршка од Владата тоа е многу тешко“.

„Има многу проекти во однос на соларната енергија, побаравме од Владата за постапките за лиценца за соларна енергија да се скратени, да можеме да произведуваме енергија барем за нашите компании. Има многу иницијативи, но не се доволни“ вели Неби Хоџа.

„Неопходно е маржите и ДДВ-то на нафтените деривати да бидат намалени“ смета тој.