Претседателот на грчката опозициска партија СИРИЗА Стефанос Каселакис од денеска ќе го отслужува воениот рок, но само 20 дена, а останатиот период ќе го откупи, нешто што како опција го овозможува соодветниот грчки закон.
Каселакис е распореден во касарна во градот Тива на 90 километри од Атина.
Со оглед на тоа дека воениот рок е задолжителен во Грција, а 36-годишниот Каселакис подолг период живееше во САД, сега по враќањето во земјата има обврска да го отслужи.
За грчките граѓани со наполнети 33 години, законот дозволува да отслужат 20 дена, а останатиот период да го откупат и чини 810 евра за секој месец, нешто што ќе го стори лидерот на СИРИЗА.