Во Скопје казнети се 167 возачи

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (14.03.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 167 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина шест санкции, 23 мерки за возење без возачка дозвола, четири санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, седум мерки за користење на мобилен телефон при возење…

-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.