(Видео) Силјановска Давкова би го поканила Радев на средба: Не можете да избегате од географијата и од геополитиката

Првата посета, доколку претседателскиот кандидат Гордана Силјановска Давкова ја добие довербата на граѓаните, би била во регионот.

„Можеби Словенија“ вели Силјановска Давкова во утрешното издание на Трилинг.

На прашање дали би го поканила на тет-а-тет средба претседателот на Бугарија, Румен Радев, вели „Се разбира, не можете да избегате од географијата и од геополитиката, ќе разговарам за се. Во Лисабонскиот договор има еден член 8 што вели дека ЕУ ќе ги поттикнуваат договорите со соседите врз реципрочна основа“.

„За да ве почитува некој, треба да му дадете пример. Се разбира дека треба во Бугарија да имате пријатели кои ве ценат за да покажете дека умеете вистински пат да одберете. Ако јас сум објавила книги со Бугарија, ако во Венецијанска комисија сум се дружела со колеги од Бугарија, ќе кажам дека и во политиката наместо најпрагматничната формула кој кога и како добива врзана со моќ, може да се посегне и по други перцепции на политиката како уметноста на постигање на можноста, како потрага по согласност, по компромис. Како јавна, а не олигархиска работа“ вели Гордана Силјановска Давкова.