(Видео) Лефков: Стево Пендаровски е политичар без став, негов став е секогаш тоа што ќе му кажат СДС и ДУИ

„Стево Пендаровски тврдеше дека ставот на Бугарија за промена на Уставот е мешање во внатрешните работи на Македонија. Пендаровски не застана тука, туку тврдеше дека ставот на Бугарија – `сменете го Уставот, па дојдете да разговараме` е преседан од невидени размери. За на крај Пендаровски да каже дека го кажува гласно неговиот став и дека не мисли дека уставните измени се нешто страшно“ рече денеска на прес-конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков.

„Кој е ставот на Пендаровски тој од 2022 и почетокот на 2023 година или тој по потпишувањето на бугарскиот диктат?“ прашува пратеникот.

„Како може граѓаните да му веруваат на Пендаровски кога тој не само што ги менува своите ставови, туку тоа го прави и дијаметрално спротивно, од `промена на Устав е вон памет`, до `промената на Уставот е сосема во ред`. Стево Пендаровски е политичар без став, негов став е секогаш тоа што ќе му кажат СДС и ДУИ, затоа менува ставови, и дури кога некој ќе помисли дека нешто паметно кажал, тој веднаш добива воспитна од партискиот штаб и се потстројува зад Ковачевски и Ахмети“ смета Лефков.