Полицијата во хрватскиот град Карловац пријавила 26-годишен повеќекратен престапник, кој вчераутро бил запрен во местото Дуга Реса.
Тој возел автомобил и при контрола на полициски службеници одбил да биде тестиран за присуство на дрога и лекови во телото.
Против него е покренато обвинение и е изведен пред суд кој го казни со парична казна од 1.320 евра и му изрече забрана за управување со моторно возило во траење од два месеци.