Заев: Со гордост присуствував на церемонијата по повод завршувањето на изградбата на браната на Хидросистемот Конско

Граѓаните и земјоделците во три општини во југоисточниот дел на земјата, во Гевгелија, Богданци и Дојран, со изградбата на ХС Конско почната во 2018 година, добиваат капитален инфраструктурен проект за снабдување со вода и за полевање на 13.500 хектари земјоделско земјиште.

Изградбата на овој хидросистем претставува крупен инфраструктурен зафат и ивнестиција со мултифункционална улога и втор по големина после изградбата на хидросистемот и ХЕЦ Козјак во скопскиот регион изграден во 2004 година.

Со инвестициите во капитални инфраструктирни проекти, владите предводени од СДСМ, и тогаш и денеска, ја потврдуваат посветеноста кон зафати од исклучителен интерес за граѓаните како што се хидросистемите кои обезбездуваат чиста вода за пиење, мрежа за наводнување на земјоделски површини за равој на европско конкурентно земјоделство, зголемување на производите за храна и за регионален економски развој.

Освен за наводнување, акумулацијата Конско ќе се користи и за производство на електрична енергија, а дополнително ова вештачко езеро ќе претставува нова содржина во локалната туристичка понуда на трите општини како место за туристички посети, риболов, рекреација и спорт – напиша на фејсбук поранешниот прениер и лодер на СДСМ, Зоран Заев.