Реми со четири гола на 172. вечно дерби меѓу Црвена звезда и Партизан!

Големото дерби меѓу лутите ривали Црвена звезда и Партизан заврши без победник 2-2, црно-белите го сочуваа врвот.

172. дерби меѓу Црвена звезда и Партизан овојпат имаше и големо резултатско значење со оглед на тоа што само еден бод ги дели двата ривали во трката за шампионската титула. Црно-белите можат да бидат позадоволни бидејќи останаа на врвот.

Црвена звезда го отвори мечот со гол на Спајиќ во 44. минута од натпреварот, но ова не беше резултатот од првото полувреме. Само две минути подоцна Матеус Салдања го изедначи резултатот на 1-1.

По четири минути игра во второто полувреме по една брза игра фудбалерите на Партизан го свртеа резултатот, погодокот го постигна Калулу.

Во 67. минута Ендијае даде гол со глава за конечни 2-2.

Последните минути од натпреварот Црвена звезда ги играше со фудбалер повеќе откако Северина во 74. минута заработи втор жолт картон, но црвено-белите не го искористија тоа.

По 24 одиграни кола Партизан е прв со 60 бодови, Црвена звезда има 59 на второто место.