По мајката, почина и ќерката – трагедијата по сообраќајката кај Ниш стана уште поголема

Млада девојка В.Ш. (22) им подлегнала на повредите по страшната несреќа во која мајка и починала на лице место, а повредени се нејзината сестра Л.А.(24) и таткото И.А. (54), што се случи денеска околу 13 часот и 30 минути на стариот пат Ниш – Просек во Србија. Девојчето починало во операционата сала, пишува српски Телеграф.

До несреќата дошло кога од засега непознати причини возилото „цитроен“ излегло од коловозот и се превртело на страна.

Освен што се превртел во канал, автомобилот имал и големи оштетувања на предниот дел. Л.А.(24) се здобила со тешки повреди на внатрешните органи, и таа исто така е во операциона сала.