Еден од најдобрите македонски спортисти во историјата, Дејан Георгиевски не успеа да обезбеди норма за пласман на Летните олимписки игри во Париз, откако денеска беше елиминиран во четвртфиналето на европските квалификации во Софија.
Нашиот таеквондист загуби во четвртфиналето од белорускиот репрезентативец Плонес со 1-2.
Сребрениот медал на Георгиевски од Токио засега ќе остане најголемиот успех, а македонскиот репрезентативец ќе чека шанса во следните години за повторување или постигнување на поголем успех.
Милијана Релјиќ утре ќе го има својот настап и ќе се обиде да биде единствената таеквондистка која ќе патува во Париз.