Ердоган најави крај на своето владеење по локалните избори во Турција

Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган синоќа најави повлекување од политичкиот живот. Тој наведе дека локалните избори во Турција што треба да се одржат на 31 март ќе бидат негови „последни“.

– Изборите на 31 март ќе ми бидат последни во согласност со законот. Нивниот резултат ќе биде пренесување на довербата на моите браќа кои ќе дојдат по мене, посочи Ердоган.

Ердоган политичката кариера ја почна како градоначалник на Истанбул во периодот од 1994 до 1998 година. Тој е основач на владејачката Партијата на правдата и развојот (АКП).

Тој беше премиер на Турција од 2003 до стапувањето на претседателската функција во 2014 година.