Жена паднала од трети кат на зграда во Охрид, информираат од Секторот за внатрешни работи (СВР) Охрид.
Случајот, како што велат од СВР Охрид, бил пријавен денеска во 11:10 часот. Во пријавата било наведено дека од трети кат на зграда на улицата „Карпош Војвода“ во Охрид, паднала жена која потоа со возило на Итната медицинска помош е пренесена во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид.
Подоцна, во 11:45 часот, од СВР Охрид велат дека на улицата „Јане Сандански“ биле лишени од слобода 32-годишниот А.Д. и 21-годишниот Е.М, двајцата од Охрид.
„Јавен обвинител и полициски екипи вршат увид на местото на настанот и се преземаат мерки за целосно расветлување на случајот“ – додаваат од СВР Охрид.