Македонец застрелал млада жена од Србија на патарина кај Прешево, па се самоубил

Младата жена која била застрелана на наплатната рампа во Прешево, синоќа била примена на Итната помош во болницата во Врање, пренесуваат српските медиуми.

Според информациите, 38-годишната жена е во тешка состојба. „Новости“ пишува дека станува збор за помлада жена од територијата на Србија, а во неа пукал постар маж со државјанство од Северна Македонија.

Како што се наведува, двајцата биле во „ауди“ со македонски регистарски таблички.

Во еден момент сопатничката излегла од автомобилот и почнала да бега. Мажот излегол по неа испукал неколку куршуми и ја ранил, а потоа се одалечил од местото на настанот. Набрзо се вратил и си пукал во глава.

Тој им подлегнал на повредите, а на пукањето и претходела расправија. Мотивите за обидот за убиство и самоубиство не се познати.

Лекарите во Врање се борат за животот на жената.