(Видео) Најава за Трилинг: Дали СДСМ ќе се распадне по изборите и дали ДУИ ќе оди во опозиција?

„Ако мислиме ексклузивата само за една етничка заедница да бидат одредени позиции е непродуктивна“ вели Арбр Адеми – потпретседател на ДУИ во вечерашното издание на Трилинг.

На прашање дали ДУИ е подготвена опозициски да делува по изборите, тој вели „а зошто ДУИ да биде во опозиција ако ја ужива поддршката од граѓаните?“

На прашање дали постои можност некој да повика на тивок бојкот на претседателските избори, политикологот Синиша Пекески вели „не постои апсолутно никаква шанса затоа што на сите им е битно да си ја покажат вистинската вредност. Нема теорија да има бојкот“.

На прашање какво е расположението кај граѓаните, ќе каже „изразот `цунами` и следува на позицијата, лично мислам дека СДСМ ќе се распадне после изборите“.

„Ние сме општество кое низ времево развиваме толеранција на насилство и секој од нас кој не пријавува е одговорен за сево ова што ни се случува. Ние сме пред еден колапс, и образовен, и семеен и општествен“ вели Вида Гавриловска Бубалова – психолог и психотерапевт во вечерашното издание на Трилинг кое ќе се емитува во 20.45 часот на ТВ24.