
Ковачевски: “ Со СДСМ тутунопроизводителите добиваат повеќе. Нови 6.000 за нив “
Ковачевски вели дека со новата програма на СДСМ тутунопроизводителите добиваат нови економски мерки, се’ со цел полесно и попрофитабилно производство.
Тој кажа: „Со новата програма на СДСМ за 2024 година, тутунарите покрај субвенција за откупен тутун по килограм ќе добијат и 6.000 денари по хектар обработена површина, а со тоа се стекнуваат со право од 2025 година да користат 100% од трошоците за нафта каде по хектар ќе изнесува 12.000 денари за зелена нафта“, рече Ковачевски.
Ковачевски потенцираше дека во новата програма на СДСМ, во делот на земјоделството предвидува многу проекти и зголемени парични средства за земјоделците