СДСМ обвинува за соработка на македонската и бугарската ВМРО. Од ДПМНЕ велат дека фотографијата е стара

Се појави фотографија од кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ за претседател, Гордана Силјановска Давкова со европратеникот Андреј Ковачев, која беше причина СДСМ да излезе со обвинувања велејќи дека ова ја потврдува соработката меѓу македонското и бугарското ВМРО.

Реакција стигна и од ВМРО-ДПМНЕ обвинувајќи дека СДСМ пласираат лажни вести, бидејќи фотографијата што ја објавиле е стара, од времето кога Гордана Силјановска го критикувала договорот со Бугарија за кое пишувал и Ковачев.

ВМРО-ДПМНЕ излезе на прес конференција со критики за Стево Пендаровски, вртејќи го вниманието кон една негова изјава дека сака да го слуша гласот на народот,а според ВМРО не го сторил истото, туку правел тоа како ќе наредат од СДСМ и ДУИ.