Пендаровски: ЕУ никогаш не реагирала за злоупотреба на европското знаме освен за Законот за игри на среќа

По прозивките на ДУИ да каже кои му се вистинските намери на Пендаровски зошто не го потпиша Законот за игри на среќа тој им одговри дека Европската унија никогаш писмено не реагирала за ниту еден закон дали се злоупотребува освен за Законот за игри на среќа.

„Никогаш, за ниту еден закон, Европската унија писмено не реагирала да не се злоупотребува европското знаменце пред воопшто тој закон да биде донесен, како што ЕУ постапи сега, во овој случај, во однос на Законот за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри. Дописот во кој јасно се назначува дека не е почитувана процедурата, односно писмото од Европската Унија пред да биде испратено до Претседателот, е исто така испратено и до Владата и до Собранието. Вицепремиерот Артан Груби како и сите членови на Владата би требало да се запознаени со овој допис“, се вели во соопштението од Кабинетот на Пендаровски.

Имено ДУИ овие неколку дена директно го нападна претседателот Пендаровски поради неговото одбивање да го потпише овој набрзина донесен закон со европско знаме. На ова претходно реагираше и Европската унија каде јасно стави до знаење дека европското знаме во овој случај се злоупотребува и не се усогласува со ниту една директива на ЕУ.