Џафери за кандидатурата на Таравари: Немам потреба да коментирам одлуки на политичките партии

Претседателот на техничката Влада, Талат Џафери не чувствува потреба да коментира одлуки на политичките партии за тоа кој ќе им биде кандидат на претстојните претседателски избори.

– Не чувствувам јас потреба да коментирам одлуки на политичките партии така што непотребен би бил каков било коментар од моја страна, истакна Џафери во одговор на новинарско прашање за коментар за информацијата дека Арбен Таравари ќе биде еден од кандидатите за претседател на државата, при денешната посета на општина Липково.

На прашањето дали ДУИ ќе оди со самостоен кандидат на претстојните претседателски избори, Џафери рече дека за тоа новинарите треба да одат да прашаат во седиштето на партијата во Мала Речица.

-Ќе одите до Речица и ќе седнете да разговарате со лидерот. Јас сум премиер и ја претставувам Владата, а не Демократската унија за интеграција, посочи Џафери.