Марија Талеска-Мурговска, ќерката на екс градоначалникот на Битола и актер, Владимир Талески, почина на 39-годишна возраст.
Неофицијално, причина за смртта се наведува срцев удар.
Талески во моментот издржува казна затвор во Прилеп за случајот „Транспортер“, а утре со придружба ќе присуствува на погребот.
Талеска-Мурговска живееше во Битола со своето семејство.