Касами: Веќе за нас не е предизвик Али Ахмети или ДУИ, промените се веќе реалност

Биљал Касами – лидерот на Движењето БЕСА за неодамнешната изјава на Али Ахмети каде тој повика на обединување на албанската опозиција во гостување на тв21 рече дека сега тоа е остварено.

„Долгогодишната демократска потреба на Албанците за опозицијата дасе обедини и да се формираат два политички блока, а не да бидат `распарчени` се оствари, и покрај напорите на другите секогаш да работат против таа идеја“ рече Касами.

Тој порача дека соработката помеѓу партиите и движењата на опозицијата се базира на вредности, а не соработка за власт.

„Веќе за нас не е предизвик Али Ахмети или ДУИ, победата над ДУИ. Промените се веќе реалност. За нас е предизвик како да ги реализираме нашите ветувања, како да ги промениме работите, тоа што го ветивме и тоа што граѓаните го очекуваат од нас“ – посочи Касами во „Клик плус“.

За средбите со Албин Курти, Касами вели дека Курти 10 години се интересира за Албанците во Македонија.

„Не може да се каже дека Албин Курти сега се обидува да влијае на политиката на Албанците во Македонија. Тој во континуитет веќе 10 години се грижи, се интересира за Албанците тука. Идејата е да се бориме против корупцијата за подобро утре за сите нас, тоа го интересира и Курти. Реално, нашите политики треба да бидат поблиски со политиките во Тирана, ние сме истиот народ, и во албанскиот устав стои дека тие треба да се грижат за Албанците насекаде, но историски тоа ни беше оневозможено како што знаете. Албанците од Македонија сега се поблиску со соработката и политиката со Приштина“, рече Касами.