Палестинската новинарка Шурук Асад за српска N1 за војната во Газа се осврна на моменталната ситуација во јужниот град Рафах, кој е под напад на израелските сили.
– Најмалку 52 лица загинаа во израелското гранатирање на Рафах, град кој се наоѓа на самиот југ од Појасот Газа и во близина на египетската граница, ноќта меѓу неделата кон понеделникот – објасни Шурук Асад што моментно се случува во Рафах.
„Ситуацијата е многу тешка и критична. Пред три часа се случи бомбашки напад и на мета беа двајца наши новинари кои работат за Ал Џезира, на мета на израелски дрон. На еден колега му е тешко повредена ногата, а на друг, иако се наоѓале на безбедно место каде има и многу цивили. Тоа значи дека Израел продолжува да ги таргетира колегите новинари, изгубивме 120 новинари, тоа е голема бројка“, објасни новинарката.
„Израел тврди дека ќе најдат израелски заложници во Рафах. Луѓето се исплашени и околу милион и пол бегалци се на мал простор, едвај имаат што да јадат, ќебиња и слични потреби, ситуацијата е критична. Поради страв, луѓето тргнаа од Рафа кон центарот на Газа, што е многу опасна област, но немаат каде да одат, тие се опколени“, додаде таа.
Новинарката истакна дека во тој крај има жени и деца кои живеат во многу тешки хуманитарни услови.