Хаос на станиците за технички преглед: Налепниците со НМК направија хаос кај граѓаните
Главоболките на граѓаните се поголеми, бидејќи не секаде можат да се најдат, некои од станците воопшто не добиле, други пак ги потрошиле… Дополнителен проблем имаат возачите чија сообраќјна дозвола го носи името Република Македонија, а нејзината промена исто така ги чини пари…
Лепенки секаде нема, а не можат ниту да се земат ако сообраќајната дозвола не е со новото уставно име, што на граѓаните им создава дополнителен трошок од 1000 денари…
Досега непознатниот трошок доведе до негодување кај возачите…
Имав проблем со сообраќајната, ја сменив пред шест месеци кога бев на технички преглед со возилото, ми дадоа Република Македонија, без Северна, сега треба пак да платам за да ја сменам, 250 е редовната цена, плус некоја такса тука што ја земаат од 700 денари. Не е проблем, не е проблем, бидејќи сме такви какви што сме.
Други пак, бидејќи треба а патуваат, поради недостаток на налепеници дури менуваат и регистарски таблички , што ги чини најмалку 2000 денари, а некаде пак воопшто нема ниту регистарски таблички..
Налепници нема денес ми рекоа, а бидејќи патувам ги менувам таблиците уствари по ново и штом имаш нови таблици не мора да имаш лепенки. Колку плативте? 2200 речиси, сега трева и 300 денари за зелениот картон да го сменам, а после и полисата ќе треба изгледа „јово-на ново“ да ми ја издадат со новиот број да биде. Немаат таблици, дојдов да ја променам таблицата ми рекоа немаат, пак треба да дојдам да чекам 2 часа во четврток. Лепенка не сакам да ставам, може да се одлепи и да имам проблем.
Дел од возачите кои ги добија налепниците се пожалија токму на начинот на кој што тие се поставени од страна на контролорите на станиците за технички преглед. Велат чекале од 8 часот наутро за некој да не си ја заврши работата, бидејќи, неправилното лепење може бргу да ја оштети налепницата
Кога го дочекав конечно редот, стручниве служби да ги залепат како што треба и повелете сега, залепени се врз буквите, некој сакајќи или не сакајќи може да ги оштети.. Сега не знам што е проблемот, МВР вика контролорите, контролорите викаат МВР, јас сега колава нема да ја тргнам додека не ми ги залепат соодветно.
Засега не се предвидени казни за оние кои нема да ги променат налепниците, но веќе од утре, граѓаните кои нема да ја имаат назнаката „НМК“ нема да можат да патуваат со своите возила надвор од Македонија…