Додик: Против мене се води политички процес, ова е најголемиот удар за БиХ

По денешното рочиште, апсолутно е јасно дека процесот што се води против него во Судот на БиХ е политички, изјави претседателот на Република Српска – Милорад Додик по излегувањето од судницата и оцени дека се што се случи денеска во судницата е најголемиот удар за БиХ.

„Стрика го закажа, а потоа се појави судијката, жена на чие име не се ни сеќавам. Се обидела да скрши се. Невозможно е да не сме информирани за тоа. Можете да видите дека таа дојде овде со задача и однапред напишани одговори на сите прашања, вклучувајќи го и тоа“, започна тој.

Тој ги повтори своите квалификации за судењето како „политички процес“.

„Овој процес не го води Судот на Босна и Херцеговина, туку некој друг. Ако веќе имаше посебен процес, требаше да се напише ново обвинение. Од претходно напишаното обвинение ги прочитаа деловите кои се однесуваат само на мене, а истиот судија беше назначен за одвоени судења на мене и Лукиќ“, додаде тој.

Да потсетиме дека Судот на Босна и Херцеговина не го прифати барањето за повторно спојување на случајот на ВД директорот на Службен весник – Милош Лукиќ со Додиков. Тие беа разделени на рочиштето на 17 јануари, на кое Лукиќ не беше присутен бидејќи беше во болница.

Меѓу другото, на Додик му пречело тоа што зад судиите во Судот на Босна и Херцеговина биле истакнати знамињата на БиХ и на Федерацијата БиХ.

„Ова е целосно понижувачко, не за мене лично, бидејќи ќе најдам начин да излезам од ова многу достоинствено. Ова е понижувачко за судската пракса“, рече Додик, повторувајќи го своето незадоволство поради тоа што по раздвојувањето на постапката не е напишано ново обвинение.

„И тогаш дојде нов судија, кој исто така е Бошњак, кој претходно беше вклучен во СДА и доаѓаме до прашањето дали функционерите и судиите во овој Суд се само Бошњаци. Наместо судијата, дојде таа жена и рече дека јас сум одговорен овде денес“, се пожали тој.