Села: Алијанса за Албанците не е на продавање, Таравари ќе сноси одговорност

За да не оставам простор за да се манипулира јавноста Алијансата за Алнанците не е нешто виртуелно таа е присутна тука, тука е тесното претседателство во седиштето, присутни се поголемиот број од ограноците. Вака претседателот на Собранието на Алијансата за Албанците Зијадин Села ја започна прес-конференцијата во партиското седиште во Тетово, по превирањата во партијата откако вчера лидерот на партијата Арбен Таравари на својот фејсбук профил напиша дека партијата ќе се приклучи на албанскиот опозициски фронт.

Села смета дека некој сака да и зададе удар на Алијансата за Албанците.

„Некој сака да ја контрабандира Алијанса за Албанците за потребите на незнам кои чинители, но тоа не е добро за Албанците и за граѓаните на Македонија. Тоа ние нема да го дозволиме, а ова присуство тука тоа го покажува. Затоа Алијансата за Албанците изјавувам дека оваа сабота ја свикува седнницата на Централното Собрание според тоа што ми го налага мене статусот. Никогаш и во никој момент не сум бил препрака за да се свика Собранието, тоа било чиста пропаганда, која ја имаат употребено одредени структури, рече Села.

Тој посочи дека никој во партијата па и претседателот Таравари не смее да носи одлуки оти статутот на партијата налага одлуките да ги ноат телата. Поради тоа во сабота ќе го свикам највиското тело на партијата, кое ќе одлучува за одговорност на претседателот Таравари, дополни Села.

„Статутот на партијата налага без разлика дали е претседателот на партијата или било која позиција да не може да носи одлуки. Тој може само да предлага, а органите се тие кои ги носат одлуките, тоа се колективни органи како што е централното претседателство. Се зборува во јавноста дека имаме понуди, немаме никакви понуди, ние не се продаваме, не сме на пазар. Затоа и нашиот последен став е дека одиме сами на избори. Тој став е кажан од Таравари, став кој е искажан од 99 отсто од членовите на претседателство, па затоа контрабанда на ставот на Алијанса за Албанците преку статуси на фејсбук ние не можеме да дозволиме. Затоа ја свикуваме седницата каде ќе се одлучува за одговорност и го повикувам да дојде Таравари за да сноси одговорност за тоа што го направил врз партијата, рече Села.