ВМРО-ДПМНЕ: Лукаревска и СДС можат да бидат горди – 7 години една шајка не заковаа, државата ја уништија

„За какви инвестиции зборува Лукаревска, 7 години една шајка не заковаа, државата ја уништија и запустија. Со најголеми буџети од над 5 милијарди, 7 години не можат да го направат патот Охрид Кичево, кој беше оставен со над 60% реализираност. 1 километар од Скопје до Блаце не можат да почнат, а не пак да го направат, еден селски пат немаат направено“ реагираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ на тврдењата на потпретседателката на владејачката СДСМ, Сања Лукаревска.

Оттаму велат „Лукаревска е најнеуспешен директор на УЈП. Милиони се испумпаа од УЈП со фиктивни фактури, кога ВМРО-ДПМНЕ објави таа негираше, за сега сама да признае дека имало криминал“.

„Јавниот долг го зголемија за 70% за 7 години, а лекови за болни нема. Милиони фрлија по тендери, а секоја учебна година почнува без учебници. Државата е колабирана по сите основи. СДС и ДУИ можат да бидат горди, први сме, но од позади. СДС и ДУИ ја уништија државата. Никогаш не било полошо“ велат од ВМРО-ДПМНЕ.