Папата го повика светот да ја запре трговијата со луѓе: Експлоатацијата и ропството ја ограничуваат слободата!

Папата Франциск денеска ја повика меѓународната заедница да направи се за да се запре трговијата со луѓе, велејќи дека многумина станале жртви на таквата експлоатација.

На неделната молитва Папата рече дека е потребна толеранција и братство против омразата и војната, дека братството меѓу луѓето е човечкото сидро на спасот и дека животот има огромна вредност, како и дека идеолошките разлики мора да се надминат, пренесува Анса.

Ова не е првпат Папата да се осврне на темата трговија со луѓе, а минатата година, на Светскиот ден на молитва и размислување за трговијата со луѓе, кој Римокатоличката црква го слави во февруари, ги повика младите да се приклучат на борба против ова кривично дело.

„Трговијата со луѓе го нарушува достоинството. Експлоатацијата и ропството ја ограничуваат слободата и ги претвораат луѓето во предмети што треба да се користат и фрлаат. А системот на трговија со луѓе ги искористува неправдите и нееднаквостите кои принудуваат милиони луѓе да живеат во услови во кои се ранливи“, рече Папата во таа прилика.