Мбапе од следната сезона во дресот на Реал Мадрид

Веќе подолг период моментно еден од најдобрите светски напаѓачи, Килијан Мбапе, се поврзува со трансфер во редовите на Реал Мадрид.

Како што пренесува „Ле Паризиен“, францускиот репрезентативец и член на ПСЖ од следното лето се очекува да го облече дресот на „кралевите“.

Изворот вели дека конечно е постигнат договор, а и оваа информација треба да се земе како резерва бидејќи многу пати до сега се најавуваше од странските медиуми дека Мбапе сигурно се сели во Реал, но не и официјално да биде потврдено од клубовите.

– Најголемата ѕвезда на францускиот фудбал следната сезона ќе му се приклучи на најголемиот клуб. Во Мадрид владее оптимизам бидејќи се подготвува најголемиот договор за капитенот на Франција и се преговара зад затворени врати – се вели во текстот на „Ле Паризиен“.

Да потсетиме, ПСЖ беше на прагот да го загуби Мбапе и во летото 2022 година, но му дадоа договор од околу 80 милиони евра годишно кој истекува на 31 јуни.

Мбапе (25) сезонава за ПСЖ на 28 натпревари постигна 29 гола, а има и седум асистенции.