Поранешниот министер за инфраструктура Пал Лекај е осуден на 3 години и осум месеци затвор за случајот со доделувањето дополнителни 53 милиони евра на конзорциумот „Бехтел-Енка“ за изградба на автопатот „Арбен Џафери“, пишува „Коха Диторе“
Тој е осуден за злоупотреба на службената положба и намерно оштетување на државниот буџет.
Лекај е осуден и на дополнителна казна со која му се забранува да врши јавни функции во јавната администрација во траење од 3 години и шест месеци.
Заедно со него е осуден и поранешниот секретар на Министерството Небих Шатри на една година и осум месеци, директорот за набавки Бесим Тахири на една година и осум месеци затвор и советникот Есет Бериша на 3 години и три месеци.
Во своите прелиминарни изјави, сите обвинети се изјаснија за невини.
Адвокатите на осудените по одлуката се изјаснија дека ќе се жалат до Апелациониот суд.
Години наназад КОХА достави извештај на фирмата „Хил“, која беше договорена од Владата на Косово да ја надгледува изградбата на овој автопат. Според документот, паричната обврска во однос на „Бехтел-Енка“ била 14 милиони евра. Но, овој извештај Лекај официјално го немаше презентирано пред Владата, а во негово отсуство, извршната власт одобри исплата на дополнителни 53 милиони евра на фирмата што го изгради автопатот.