Пронајдено е безживотно тело во коритото на реката Миљацка во Сараево

Во коритото на реката Миљацка во Сараево утрово е пронајдено е безживотно тело.

„И ние ја имаме таа информација, патролите се на местото на настанот“, велат од Оперативниот центар на Министерството за внатрешни работи на кантонот Сараево.

Според очевидци од местото на настанот, телото било забележано во реонот на шеталиштето Вилсон.

Областа е опколена, а истрагата е во тек.

Од тамошното МВР немаат повеќе информации за случајот, а наведуваат дека повеќе детали ќе имаат во текот на денот.