Претреси кај лекари од Онкологија

Утринава полицијата прави претреси кај лекари од Клиниката за Онкологија, а неофицијални извори во истрагата велат дека има и уапсени лекари.

Претресите се во склоп на акцијата која пред неколку месеци ја започна екс министерот Оливер Спасовски со скопското Обвинителство за низата злоупотреби кои се случувале на оваа клиника.

Според информациите, претреси се веќе направени кај Н.Н., Е.Џ. и Н.В..

Претреси имаше и пред неколку месеци, по што Обвинителството отвори предистражна постапка.

Во текот на денот се очекуваат повеќе информации од Обвинителството за денешните претреси.