
Познатиот американски кошаркар Ражон Рондо (37), кој веќе е НБА пензионер од летото 2022 година, е уапсен поради нов инцидент што го направил!
Како што пренесуваат медиумите од САД, поранешниот шампион со Бостон и Лејкерси е уапсен поради поседување оружје, поседување марихуана и реквизити за дрога.
– Рондо бил запрен поради сообраќаен прекршок од полицијата, а полицаецот почувствувал мирис на марихуана, што предизвикало претрес на автомобилот, во кој бил пронајден пиштол, марихуана за лична употреба, како и реквизити за дрога – изјави портпаролот на Индијана – Стивен Вајлс.
Потоа бил одведен во затворот во округот Џексон, каде што веднаш платил кауција.
Рондо играше за Кентаки во текот на неговата колеџ кариера, а во богатата НБА кариера која траеше 16 години, играше за Бостон, Далас, Сакраменто, Чикаго, Њу Орлеанс, Лос Анџелес Лејкерс, Атланта, ЛА Клиперс и Кливленд, каде во 2022 година го имаше последниот ангажман во НБА.
Беше двократен НБА шампион, четирипати учествуваше на Ол-стар натпреварот и имаше бројни индивидуални награди како најдобар асистент, крадец на топка, член на одбранбената петорка…
Ова не му е прв проблем со законот, бидејќи имал пријава и во 2022 година кога го пријавила сопругата, откако и се заканил дека ќе ја убие, па имал и пиштол, кршел се низ куќата…
Во август 2023 година имал нов проблем со сличен прекршок, кога истата жена повикала помош, но и тој случај бил договорено завршен.