
Денеска во Вишиот суд во Белград продолжува судењето на Миљана и Владимир, родителите на Коста Кецмановиќ, кој на 3 мај уби девет ученици и обезбедување во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Врачар. Судењето до крај е затворена за јавноста, со судска одлука.
На вчерашното прво рочиште, пред оваа одлука, и Миљана и Владимир се изјаснија дека не се виновни по ниту една точка од обвинението, а таткото меѓудругото рече дека не се чувствува виновен затоа што сторил прекршок, а не е кривично.
Покрај родителите на Коста, во обвинителниот акт е и претседателот на Стрелачкиот клуб „Партизан практично стрелање“, како и инструкторот во тој клуб, кои се товарат за кривично дело давање лажен исказ бидејќи тврделе дека Коста никогаш не пукал на стрелиштето со огнено оружје, а истрагата го утврдила спротивното.
Инаку, на денешното судење, по завршувањето на воведните зборови, и Миљана и Владимир најверојатно ќе имаат можност да изнесат детална одбрана и евентуално да одговорат на прашања, доколку сакаат.