Пукање во Сараево, убиено 19 годишно момче

Во престрелката што се случила нешто пред полноќ во сараевската населба Отока, едно лице е убиено.

Престрелката се случила на главната раскрсница на улицата Булевар Меше Селимовиќ, на потегот од улиците Алије Кучукалица – Приједорска.

Како што може да се види на видеото, на споменатиот пат во Сараево имало голем број припадници на полицијата и итната помош , кои му помагале на лице кое лежело на улицата.

Во текот на ноќта, Klix.ba доби неколку пријави од читатели кои велат дека се работи за пукање и дека во возилото имало неколку лица, од кои најмалку едно е убиено.

Од полицијата во Сараево ја потврдија оваа информација.

– Синоќа околу 23 часот и 35 минути на раскрсницата од улица VII Трансферзале – Булевар Меша Селимовиќ е употребено огнено оружје, при што од здобиените повреди починал маж, роден 2005 година. Полициските службеници под надзор на обвинителот на КТКС работат на расветлување на сите околности под кои е извршено кривичното дело Убиство (член 166 од Кривичниот законик на ФБиХ) – потврди Мерсиха Новалиќ, портпарол на МУП на КС.

Се дознава дека истрелите биле испукани од возило во движење.