
Тел Авив негира дека заложници биле убиени за време на израелската офанзива. Копнените сили почнале операции против Хамас во централниот дел на Појасот Газа.
Дополнителен притисок на Блискиот Исток се и нападите од Хутите поддржани од Иран.
Од групата, велат дека ќе продолжат со акциите во Црвено Море додека не престане агресијата врз палестинската енклава. Нова размена на оган меѓу Израел и Хезболах и на границата со Египет и со Либан. Рации и престрелки и на Западниот Брег.