Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (12.01.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 119 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 16 санкции, 14 санкции за управување под дејство на алкохол, осум мерки за возење без возачка дозвола, шест санкции за користење мобилен телефон при возење, четири мерки за минуваље на затворен сигнал – црвено светло…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.