Триесет дена притвор за таткото кој до смрт ја претепа двегодишната ќерка во Кичево

Судот од Кичево определи 30 дневен притвор за таткото Ф.Д.( 30) кој ја натепа својата двегодишна ќерка која по 22 дена борба за живот почина на скопската Клиника.

Против него е поднесена кривична пријава за убиство.

„Тој, на 18.12.2023 година околу 21 часот во неговата семејна куќа во Кичево, при вршење на семејно насилство, со физичка сила и нанел тешки телесни повреди на неговата двегодишна ќерка, која била пренесена за укажување лекарска помош во Општата болница во Кичево, а потоа во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје каде, на 8 јануари починала“, велат од СВР Охрид.

Мажот е спроведен во Казнено поправната установа Затвор-Битола.