О’Брајан: Силно го поддржуваме дијалогот меѓу Белград и Приштина

Американскиот помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања Џејмс О’Брајан денеска изјави дека земјата силно го поддржува дијалогот меѓу Белград и Приштина и ги повикува двете страни да ги исполнат своите обврски.

Тој на онлајн прес-конференцијата рече дека има одредени движења во дијалогот, односно дека се преземени чекори во однос на решавање на некои многу практични секојдневни прашања како што се регистарските таблички и начинот на издавање на царинските документи.

„Многу е важно двете страни да избегнат какви било провокативни дејства на северот“, рече претставникот.