
Според Националниот регистар на исчезнати лица, во Хрватска за само два дена исчезнале три момчиња, сите родени во 2009 година. Иван исчезнал на 7 јануари во Загреб, Лукас на 8 јануари во Риека, а Патрик на 8 јануари во Загреб.
Иван Шнајдар (2009) исчезнал на 7 јануари, кога се оддалечил од својата адреса во Загреб, на Брезовичка цеста. Момчето е високо 162 сантиметри, има кафена коса и сини очи. Во моментот на неговото исчезнување тој носел спортски панталони и бела маица.
Лукас Кираљ Јеремиќ, роден во Пула во 2009 година, исчезнал еден ден подоцна, на 8 јануари, во Риека, каде што има пријавено живеалиште.
Момчето Патрик Гек (2009) исчезнало на 8 јануари во Загреб. Според Националниот регистар на исчезнати лица, момчето се оддалечило од адресата. Има пријавено престој во Загреб, додека живеалиштето му е во Дубровник. Во описот стои дека е висок 175 сантиметри, со кафена коса и кафени очи и средна градба. Во моментот на неговото исчезнување, носел црни панталони, портокалова дуксерка со качулка, црна јакна и патики.