
Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека е разочаран од изјавата на британскиот министер за надворешни работи Дејвид Камерон, кој Србија ја нарече „застапник на Русија“.
Тој додаде дека Србија е независна земја и не е полномошник на Русија, Америка, Британија, Германија или кој било друг, туку се гордее со својата независност.
„Има приказна дека ќе извршиме дестабилизација на регионот. Ми се чини дека многу други работат на тоа со сесрдна помош на оние фактори кои ни држат лекции. На многумина им пречиш кога сакаш да имаш вашата сопствена политика, таа не е послушна и ќе продолжиме да водиме независна политика и за прашањето на Руската Федерација и за прашањето на другите“, рече Вучиќ.
Дејвид Камерон ова го изјави за време на неговото сведочење во Комисијата за надворешни работи на британскиот парламент во новата функција како министер за надворешни работи.