Го убил шурата откако дознал дека со години ја силувал ќерка му

Маж (50) од Волос во Грција е уапсен за убиство на неговиот шура Албанец, 33-годишен, јавуваат грчките медиуми.

Според медиумите, осомничениот со пушка, која законски ја поседувал, пукал и го убил братот на неговата сопруга, а потоа доброволно ѝ се предал на полицијата, признавајќи го делото.

Уапсениот маж наводно ѝ рекол на полицијата дека решил да го убие својот шура во вторникот наутро, откако неговата 18-годишна ќерка му открила дека нејзиниот вујко ја силувал од нејзината 9-та година.

Рекла дека вујко ѝ ја уценувал дека ќе ги објави снимките и фотографиите од односот.

Полицијата ја запленила пушката, а истрагата продолжува.