(Видео) Стоилковски: Полициските Тигри вадат пиштоли по кафеани – каква полиција, таква држава

Инцидентот што го предизвикале пропадници на Тигрите во кафеана во Белимбегово беше повод за прес-конференција на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски. Според него, силите на Оливер Спасовски го валкаат угледот на македонската полиција. Наместо да се насочат на потрага по исчезнатиот син ка Командант Баци, тие вадат пиштоли во кафеани и учествуваат во тепачки.

Срамно и недостоинствено, припадници на полициските специјалци Тигри, во кафеана во скопско Белимбегово, ваделе оружје, според медиумите, кон бремени жени, започнале тепачка со сопругот на бремената, а во инцидентот има и последици и сето ова е пријавено и за сето има записник во полициска станица! Наместо да го бара избеганиот притвореник, синот на Командантот Баци од УЧК, полицијата вади пиштоли по кафани, реагира Стоилковски.