Мостот „Беласица” повторно ќе биде привремено затворен за сообраќај

ЈП „Улици и патишта” – Скопје известува за привремен сообраќаен режим денеска на мостот „Беласица”, каде што од 8 часот до 12 часот ќе се изведуваат градежни активности.

-Поради изведба на градежните работи мостот ќе биде затворен за сообраќај во двете насоки и обележан со соодветна сообраќајна сигнализација, соопшти јавното претпријатие.

ЈП „Улици и патишта“ апелира внимателно да се управуваат возилата, а граѓаните да бидат трпеливи до завршување на градежните работи.