Радев тврди: Во Бугарија има 15.000 граѓани со бугарска самосвест

Бугарија тврди дека во Косово има 15.000 граѓани со бугарска самосвест.

Источниот сосед бара нивно признавање како независна заедница. Бугарскиот претседател Румен Радев деновиве се сретна со неговата косовска колешка Вјоса Османи, а една од темите како што јавуваат бугарските медиуми била и бугарската заедница. Во јануари годинава е поднесена петиција до косовскиот парламент со барање тие да бидат признати како независна заедница. Радев бара во иднина бугарската заедница во Косово да биде признаена како национално малцинство, со можност слободно да го изучува својот мајчин јазик, да го изразува слободно својот идентитет и да ги чува и развива своите културни традиции.

Албанската полиција деновиве уапси три лица за издавање на потврди за бугарско потекло за 950 евра. Албански граѓани земаат бугарски пасоши. Истото го прават и македонски, украински, турски, руски државјани.